Добродојдовте
Македонци кои живеат и работат во Швајцарија, се организирани во бројни здруженија и организации. Нивните активности ги презентираат на неколку интернет страни, преку писмени информации и лични контакти.
Оваа интернет презентација ја развиваме со единствена цел - на што е можно поедноставен и најдиректен начин, сите заинтересирани навремено и едноставно се информираат за настаните и активностите кои ги организираат Македонските друштва и организации. На овие страни исто така ќе се најдат и мали информации за Македонија и Македонската историја, традиција и култура.
Ако сакате на било кој начин да ни помогнете, не мислете се, контактирајте не.
Информации, сугестии, а исто и критики ќе ни помогнат да на ова место за брзо време направиме еден Македонски портал на пријателство и соработка меѓу сите Македонци во Швајцарија.
Актуелни (пријавени) настани во Швајцарија » » »
Актуелности
мај
Агенција за иселеништво на Република Македонија
Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ги поканува сите иселенички организации и асоцијации да земат учество на Третата годишна конференција на иселенички организции...

4-ти мај, ден за славење на делото на даскалот....

«Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание.
Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.»
Гоце Делчев
мај 2012
18.05. - 29.05.2012 Швајцарија
Маратон «Лондон 2012», Миле Стојковски
На маратонот «Лондон 2012», Миле Стојковски во својата инвалидска количка поминува и низ Швајцарија. Во периодот од 18. до 29. мај Стојковски ќе помине преку 450 км низ Швајцарија.


повеќе информации »»»
април 2012

Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија известува
Во пресрет на летните одмори и со цел за информација на Македонците кои жиевеат и работат надвор од Република Македонија Агенцијата за иселеништво ги издаде следните соопштенија »»»
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

... Поради тоа неопходно е да ја распнеме и погребеме нашата суетност и алчност, та очистувајќи се, да се здобиеме со духовно воскресение. Тоа е возможно само преку литургискиот и светотаински живот во Црквата, проследен со постојано покајание, како средство преку кое ќе го победиме злото, односно гревот. Тоа значи секојдневна борба за преобразување на своето себељубие во искрена, несебична и нелицемерна љубов кон ближните, поткрепена со благодатта Божја преку учествуво во животот на Црквата, а пред сè во Светата Литургија....
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† СТЕФАН
со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква
од Велигденското послание »»»
11-14.04.2012, Montreux, VD
2012 Montreux Choral Festival

На интернационалниот хорски фестивал «2012 Montreux Choral Festival» оваа година учество ќе земи и женскиот црковен хор од Македонија «Св. Злата Мегленска». За подетални информации љубителите на хорското пеење можат да најдат директно на интертнет страната на фестивалот.
» 2012 Montreux Choral Festival
» инфо
01.04.2012, промоциа на песната«Верни на Македонија»

01.04.2012, Goumoens-la-Ville
Презентација на химната на МДД «МАКЕДОНИЈА» Ешелан
Галама наречена музика, ќебапи кои ќе ги осеќаш три денови и после тоа и повод кој никој не го знае....
повеќе ... »»»
март 2012
24.03.2012, Stans NW
Bistro Interculturel
Македонците кои живеат и работат во Кантон Нидвалден, имаа можност и со перфекција ја искористија, да се представат пред своите сожители од Штанс и околината.
На манифестацијата «Бистро интеркултурел» Македонија и Македонската култура беше претстравена од страна на Македонците кои живеат во централна Швајцарија, женската играорна група «Везилка» и со импресии на швајцарки кои ја посетиле Македонија.
Исто така не изостана богатата Македонска трпеза, Македонското вино и Македонската музика...
Посетителите имаа можност да видат дел од колекцијата на фотографии «Убавата Македонија» на Фотосојузот на Македонија, а на штандот со Македонски сувенири да си “земат“ успомен од Македонија...
»»» Video

февруари 2012

Неколку впечатоци од турнирот... »»»
______________________________________________________________________
Агенција за иселеништво -
повик за учество на «
Струшките вечери на поезијата»
Согласно надлежноста на Агенцијата за иселеништво за помагањето на културниот развој на иселениците од Македонија, оваа година по трет пат Агенцијата за иселеништво, преку вклучување во Програмата на Струшките вечери на поезијата ќе доделува награда за поетите иселеници од Македонија.
Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири на Струшките вечери на поезијата, а наградата за поетите иселеници од Македонија ќе ја додели Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.
Поетите можат да конкурираат и со постари дела, но со истите да немаат конкурирано на Струшките вечери на поезијата претходните години. Може да се конкурира со повеќе книги.
Заинтересираните поети, иселеници од Македонија, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до крајот на месец мај 2012 година.
Минатата година наградата „Стојан Христов“ за најдобри збирки поезија ,,Украдени мисли“ и „Забранета љубов“ ја доби поетот иселеник од Македонија,
Душан Ристевски.
инфо »»»
______________________________________________________________________
Старите, не-биометрииски пасоши важат до 27.02.2012

За влез во Македонија по 27.02.2012 година единствено ќе може да патувате со важечки Биометриски пасош или патен лист издаден од ДКП Берн (Македонската Амбасада во Берн)
30.01.2012 година
Министерството за внатрешни работи известува дека не-биометриските патни исправи (пасоши) ќе важат до 27.02.2012 година.
Известувањето на Министерството за внатрешни работи го пренесиа и
» Амбасадата на република Македонија во Швајцарската Конфедерација
» Агенцијата за иселеништво
22.01. - 29.01.2012, Zürich/Hottingen, ZH
Поглед преку ...

И оваа година, во организација на «Јужнословенскиот Културенфорум - СКФ» , се одржува годишната изложба на дела, слики и фотографии од членовите на форумот.
Гости оваа година се Фото видео и коно сојузот на Војводина, како и фотоклубовите од Осијек и Вуковар (Хрватска).
За сите љубители на уметноста кои спонтано сакаат да ги представат своите дела, а се со потекло од просторите на поранешна југославија, организаторот обезбеди слободен простор.
За подетални информации посетете ја страницата на «Јужнословенскиот Културенфорум - СКФ»
www.skf-zh.ch »»»
јануари 2012
МПЦО - Св. Наум Охридски, Триенген - нова интернет страна!!!

Штотуку е презентирана и веднаш достапна до сите, новата интернет презентација на Македонската православна црковна општина «Св. Наум Охридски» Во Тринеген.
Сите информации за работата на црквата, црковниот одбор, како и општи информации во врска со верскиот живот ви се достапни на страната
www.mpc-triengen.ch/
19.01.2012, Triengen, LU
Богојавление - ВОДИЦИ
Македонската Православна црква Св. Наум Охридски во Триенген, одржа света литургија по повод големиот христијански празник Богојавление - ВОДИЦИ.
На литургијата во храмот «Св. Наум Охридски» во Триенген присуствуваа голем број на верници дојдени од сите делови на Швајцарија и покрај фактот дека литургијата се одржа во вечените часови (како за секој празник кој се празнува во работен ден), а утрешниот ден беше е повторно работен.
После литургијата во храмот, во дворот на црквата беше осветена водата во која беше фрлен крстот.
Најголема среќа оваа година имаше Горан (за прзимето нека ни го каже!!) кој е со потекло од Охрид.
После свечените церемонии, верниците пристапија кон богатата вечера спремена од кумовите на прославата, фамилијата Мицеви, Никола и Елена со децата Димитар и Даниел.
Среќни и спокојни Божиќни празници

....
Не само во пресрет на овој празник, туку постојано треба да се каеме и да ги здобиваме даровите на Духот (Гал. 5, 22-23), покажувајќи ја на тој начин љубовта кон ближниот и не заборавајќи дека Синот Божји дојде на земјата од љубов кон сите луѓе. Затоа, наша должност е кон секој човек да гледаме со Христови очи, да покажуваме љубов, да бидеме сострадални, да се молиме, да помогаме, да ги благословуваме дури и оние што се однесуваат непријателски, но и да се радуваме во Господа, и не само со збор да се именуваме христијани, туку и со дела , како што нè поучува нашиот патрон свети Климент Охридски.
....
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† СТЕФАН
заедно со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква
Божиќно послание »»»
07.01.2012, Trriengen, Sursee, LU
Христос се роди !!!
Големиот Хрстијански празник, Рождение Христово, се прослави и се одбележа во Македонската Православна црковна општина «Св. Наум Охридски» во Триенген. Со Божиќна литургиоја и со музичка забава се прослави овој пресветол празник....

повеќе »»»
Годината која доаѓа, нека ви донесе
многу здравје, радост и мир.
Нека ви се остварат желбите, а за
вашиот успех нека нема пречки.

Пријави настан - makedonium@hotmail.com
|