Среќни и пријатни Велигденски празници


Возљубени сорадосници, 
Велигденската радост треба да нè зближува и да нè обединува сите, како чеда на нашата света Црква, и нас во Татковината, и сите вас што живеете раселени по светот. Да се радуваме секогаш во Господа! Да ѝ бидеме верни чеда на мајката – Македонската Православна Црква, и на Татковината – Македонија, живеејќи богоугодно и во мир со сите луѓе. Без разлика каде живееме, да ги чуваме националните и духовните посебности како народ, покажувајќи потребна грижа за светоста на бракот и семејството, за повозрасните, изнемоштените и сиромасите, а особено за младите и нивното воспитување во духот на верата православна и на нашите прадедовски традиции. Да ги учиме на јазикот мајчин – јазикот на светите Кирил и Методиј и на светите Климент и Наум. Конечно, да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението. Тоа, нам, како христијански народ, ни е света должност, зашто кој не го љуби својот брат… како може да Го љуби Бога?!



†СТЕФАН
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
со членовите на Светиот архиерејски синод