»Вешта жена 2019«

И оваа година »Организацијата на жените од Македонија во Швајцарија«, ОЖМ-Ш, ја организираа манифестацијата
“ВЕШТА ЖЕНА“ – Швајцарија

Овојпат масите беа послани во Буохс, Кантон Нидвалден

За разлика од досегашните шест изданија на »Вешта жена« во намален обем.
Се представија само четири натпреварувачки и многу помала публика. Но тоа не беше никаков хендикеп да манифестацијата биде на завидно ниво.

На четирите натпреварувачки маси посетителите имаа можност да се восхитуваат на прекрасните декорации кои беа спремени и представени од страна на натпреварувачките.

Од страна на комисијата во состав, Бети Ѓоргиева, Билјана Игнатова, Ронче Стоименова и Елица Иванова беа поделени следните признаниа:

за декорација на десерт – Ангела Атанасовска

за декорација на главно јадење – Лилјана Темелковска Алиу

за цветен аранжман – Лилјана Реи

општ впечаток – Јованка Илиевска

Намногу гласови од публиката доби – Јованка Илиевска која воедно беше и прогласена за победник на Вешта жена Швајцарија

Победничката од »Вешта жена« во Швајцарија Јованка Илиевска ќе има можност да учествува на републичкиот натпревар кој е се одржи на 11 мај 2019 во Тетово, поточно во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок, Македонија.

За музикалниот дел од забавата се погрижи “матичната“ музичка група “МЕРАКЛИИ“.

фотографии од манифестацијата »»»

видео од манифестацијата »»»