Годишно Собрание – МПЦО

Македонската православна црковна општина Св. Наум Охридски во Триенген, во недела на 26.01.2020 го одржа своето 28-мо годишно собрание.

Пред полната сала присутните ги поздравија свештеникот Горан Мантаровски како и членовите на црковниот одбор. Извештаите на свештеникот, претседателот, благајникот, книговодителот ја потврдија солидната состојба како економски така и позитивното црковно работење.

Од страна на свештеникот беше потенцирано дека скоро секоја неделна литургија е добро посетена, а исто беше пофалена работата на певницата / хорот како и на дежурните во црквата. Свештеникот во 2019 има одржано 77 литургии, 70 крштевања, 1 венчавање и 1 погреб.

Во црквата е одпочнато со цртање на живописот и 730 метри квадратни ќе бидат цртани во следните две до три години. И покрај работите на живописот, со помош на провизорните платформи работењето на црквата ќе се одвива непречено. Беше повикано да заинтересираните донатори на фрески да се јават до црковниот одбор како би се помогнала изработката на живописот.

За најголема пофалба оваа собрание се верниците кои се приклучија активно на црковниот одбор, 17 верници !!!


Секогаш интересни се и “Македонцките работи“ кои традиционално ги спроведуваме и во дијаспората. Од пуста добродушност самите себе се ставаме у непријатни ситуации. Интересен беше и податокот / обавестувањето, дека во црковните простории вежбаат играорците на играорната група која не е во склоп на црквата, ама на настапите се представува како играорна група на црквата. Играорната група е значи самостојна и независна од црквата и покрај тоа што вежбаат во црковните простории е се помогнати од црквата со парични средства за набавка на народни носии ?!?!???

Исто така барањето на најновата хуманитарна организација да им се дозволи да организираат акција за собирање на парични средства на следната црковна прослава беше двосмислено одговорена. Од една страна поздравена идејата, а од друга страна се мисле како на не навредувачки начин да им се објасни дека црквата до сега не дозволувала такви акции …

Во секој случај црковната општина се зголемува како членствено така и со активности кои се за поздравување.

Во неформалните дискусии беше утврдено дека и покрај ангажирањето на експерти, специјалисти и “фирма за интернет“, интернет страната на Македонската православна црковна општина и после година “работа“ на сите инволвирани не само што не е подобрена и обновена, туку и во општо не функционира повеќе…