Велигден 2020

Возљубени во Господа! Драги браќа и сестри!

Имено, знаете дека вирусот наречен Корона – Ковид 19 веќе одамна пркоси низ целиот свет а и во Швајцарија, па затоа следстевно на препораките на властите не можеме да ги одржиме
претстојните Велигденски Богослужби.

Затоа оваа година Христовото Воскресение – Велигден, темелот на Нашата вера и нашето постоење ќе мораме да го дочекаме во нашите домови, во нашите семејства кои претставуваат Мала Црква.
. . . .
Свеќата е нашата бескрвна жртва на Бога, која со нејзината светлост, топлина и трошност го претставува самиот живот на секој кој верува, се надева и Го љуби Бога и ближниот.
. . . .
Темјанот, кој се издига нагоре, ја симболизира молитвата, која се издигнува кон Божјиот престол.