избори 837…

ЈАВЕН ПОВИК
ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

Се повикуваат државјаните на Република Северна Македонија во Швајцарската Конфедерација, кои сакаат да го остварат своето право на глас, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн која се наоѓа на адреса: Kirchenfeldstrasse 30, 3005 Bern, во период од 26 февруари 2020 до 11 март 2020 година.
При увидот, државјаните на Република Северна Македонија, се идентификуваат пред надлежно лице со важечка патна исправа или лична карта издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија.
Увидот може да се врши и самостојно преку интернет страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk односно www.dijaspora.sec.mk.
Државјаните на Република Северна Македонија во Швајцарската Конфедерација, барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид ги поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до Државната изборна комисија, во период од 26 февруари до 11 март 2020 година.

Embassy of the Republic of North Macedonia in Bern, Swiss Confederation