-001-
» Дури е в постела болниот, ќе му земи поеќе пари еќимот.
» Жените се облекле по модата, а мажите и понесло водата.
» Дај вересија, ама на мразо пишија.
» Дете да милуаш поеќе со срце, одошто со лице.
» Големата риба голема вода сака.
» Здрава нога втрн не клавај си.
» Грео не ет нешто живо, ами пак го мачит чоекот.
» Жена работница одит засукана.
» Имат луѓе, ем не знаат, ем не прашаат.
» Да врлиш капата и да бегаш од лоша жена.
-002-
» Ако немаше темница, не ќе требаше свеќа.
» Кај што паѓа чоек, таму и станува.
» Каков ќе бидит чоек до ручек, таков и до вечер.
» Кога имаш маша, не ваќај го огно со рака, оти ќе те изгорит.
» Кога кокошката многу грачи, помалку јајца снесува.
» Чекаше мрзливиот да му падни од Бога алвица, ама си остана со зината уста.
» Лаит песот за да си брани комато.
» Јазел со рака не се одврзуват, а со сабја се пресекуат.
» Кај што не помага збор, таму и стап не помага.
» Кинисало море у река да се давит.
-003-
» Ит’р се лажи, глупав се рани.
» И чоекот да ја сеит жито земјата, ама и Господ со сонце да ја стоплит.
» Некоја рака не го мие, лели во борч влезе.
» Не гледај го коренчето, ами гледај го цвеќенцето.
» На тамавќоро друг ќе му ја јадит стоката.
» Откога ми го отру срцето, после благо ќе ми дават.
» Лисицата се ватила во стапица, и пак во кокошките гледат.
» На глувците му е мака дури еден да направи дупка, да сите после низ неа си се провираат.
» Очите на страот му се мошне големи.
» Му падна капата, му се виде глаата ќелава.
-004-
» Не знај да напои магаре вода, а не да пиши книга.
» Коишто знаи книга, поеќе знаи да се моли на Бога.
» Ако немаше темница, не ќе требаше свеќа.
» Саде со големи камења ѕид не се праит.
» Којшто не знаит да молчит, не знаит и да зборуа.
» Лисјето на дрвјата му се душата.
» Му зела глаата вет'р.
» Денешната работа не оставај ја за утре.
» Брз коњ се стасува, ама брз збор не се втасува.
» Без мерка кој работи, бргу ќе се умори.
-005-
» Бегајте нозе, оти газ ве испостра.
» Времето си врви, нам ни се куси.
» Ако се бакнуваш на сон со некого во уста, ремата ќе те вати.
» Има у мнозина ум, ама у малцина разум.
» Ако го ватиш пријател камилџијата, бргу праи’ а повисока портата.
» Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам.
» Ако е чоекот кус од алиштето, можиш да му го придадиш, ама ако е од умот - не можиш.
» Арниот коњ и под лшз мутав се познаат.
» Дај си мажз жената, да ти барај друга.
» Дури не даиш девет, не земаш десет.
-006-
» Ако си сиромав, барем не биди мрсулав.
» Вати се да се држиш за даб, а не за шип.
» Ако се видиш на сон облечен со ново алиште, ќе се ватиш за некоја убаа работа.
» Валеното девојче ќе земе полошо момче.
» Ал со жена, ал без жена.
» Арниот јунак дома не умират.
» Биди му на ѓаолот другар, ако сакаш да те турни в бунар.
» Бело е момето како од котле газеро.
» Бадијала киселина од мед је послатка.
» Арамија и ноќе гледа, ама и од сенка се плаши.
-007-
» Арамија од арамија не се срамува.
» Али се стори чоек арамија, по себе си ја влечи ортомата.
» Вати ја работата од порано, да ако сакажда ја свршиш побргу.
» Ако не ранич мачки, ќе раниш глувци.
» Ако има масло и папрата манѓа бидуат.
» Борѓот ет полош и од волкот.
» Знаит господ чие масло гори во твоето кандило.
» Жена што ќе си купи маж со пари, кај сака ќе си го води.
» Ако се ожениш на сон, не ќе се жениш за многу време.
» Гемија по суо можиш да тргаш, да така жена лоша да водиш.
-008-
» Во лето имат на секое трнче и лепче.
» Едната рака другата ја мие, а двете лицето.
» Добрата реч оит надалеку, а лошата уште подалеку.
» Ако немаш пари, и жената не те чести.
» Ден за ден го забораив.
» Види си вкесе, да после купи си прасе.
» За пари арџење колај е мошне, ама за вадење помачно е.
» Гол чоек на бања го прилега.
» Темница тој што одит, бездруго ќе се препнит.
» Цеќето го кинат и киски го прават.
-009-
» Од девет планини вода ти донесуат, од ниедна не ти даат.
» Јас пиам друг се опиват.
» Лутината е на ѓаолот молитва.
» Од лепешка зелник не се месит.
» Од кол на кол, коло вгаз му влегол.
» Мрзлива жена по комчии преспива.
» Мажо си оди со крсто на чело, а жената - на тило.
» Мачката преку три куќи ја намирусуат рибата.
» Му влезе лебо во забите, затоа го кошка со ногата.
» На магаре седло не прилега.
-010-
» Мрзливио секогаш прашај го да ти кажит колку е саатот.
» Не давај узда на жена.
» Лошиот чоек ако ти се ватит за полата, сечи и остај му ја в рака.
» Лицето го продаа девојчето.
» Кај што има овци има и бачило.
» Што има у чоека во срцето, тоа му покажуа лицето.
» Шуплив е на срце, ако го гледаш зрвен на лице.
» Чоек што не додржуат својата стока, туѓата никогаш не ќе ја додржит.
» Чисти раце не јадат печено прасе.
» Кој што нема ум, нека нема ни глава.
-011-
» Лаж и скржав веднаш се погодуваат на пазаро.
» Кој што бара жена без кусур, не ќе можи да ја најдит ни во Стамбол.
» Криви со ногата, оти го боли забот.
» Кому му е квасо голем, побргу му кисни лебот.
» Колку да ја џвакаш јатката ореоа, толку ти е послатка.
» Колку што си ми дал мене, толку и Господ тебе.
» Лете работат и мравките.
» Куќата гори, оџакот не чури.
» Чавка гулаб не бидува.
» Како семката и ластунката.
-012-
» Лага река не гази.
» Поарно еден умен душман да имаш одошто сто пријатели будали.
» Поарно очите да излезат на чоека ошто лошо име.
» Пијаниот неќи туркање, оти сам си паѓа.
» Договор куќа не уриват.
» Ти му велиш: не сум женет, тој те праша: колку деца имаш?
» Ако имаш пари, секој за татко те сака.
» Сто стапои по туѓ газ тебе не те болат.
» Тој што многу таксуат, мене не ме радуат.
» Пали му свеќа и на ѓаолот да не ти праит пакос.
-013-
» Добрата жена куќа отвара, а лошата - затвара.
» Парите стојат вкесе како билбило во кавезо.
» Ако сакаш некој да познаиш, напрај го големец.
» Пушти го петелот в куќи, да на полица сам ќе се качит.
» Да прерипаш преку ѕид на сон, ќе ојш во друг град да живеиш.
» Бадијала работи, бадијала не седи.
» Поарно не таксуј одошто да не даваш.
» Ретка е честа затоа е скапа.
» Баба лаже трап не лаже.
» Поарно со умен да плачиш, одошто со улав да се смеиш.
-014-
» Арната стока сама се продава.
» Ако имаш лична жена не оди на туѓина.
» Бегај од пианио како од улаио.
» Поарно твое јајце одошто туѓо коковче.
» Торбата на питачот со ништо не се полнит.
» По нарачано волкот не јадит.
» Со магаре на бој не се ојт.
» Будали дале, итри јале.
» Послатки му се на магарето трњето одошто сеното.
» Ако ја менил капата, не си го менил умот.
-015-
» Секое нешто си има две лица.
» Петелот е асли маж, што повела сто кокошки.
» Волко длаката ја менува, ама ќудта не ја менува.
» Водата и огно се добри слуги, ама лоши господари.
» Посладок и погорчлив од јазик чоечки немат нешто друго.
» Сред слепи и ќорав е крал.
» Сон е маѓија, те успиват веднаш.
» Во решето вода не се носи.
» Се што гледаш да е напраено, си имат и мајстор.
» Ако си овца секој ќе те стрижи.
-016-
» Ракојата и виното со пари го пиет, водата бадијава ет и не ја пиет.
» Во празен амбар глушец не влегува.
» Гладна кокошка просо сонуват.
» Волкот овца не се чинит.
» Тој што лета со умот на високо, умен не слагај го.
» Гласот е побрз од ветар.
» Времето е најголем чорбаџија.
» Ако не чукнеш, не ти отвореет.
» Во скината вреќа жито не турувај.
» Врана на врана очи не копат.
» Сиромасите со душа и чекаат коските.
» Разбој да ткаит жена, дома ќе седит, а урка кога преди, по комшиј одит.
» Планина не се крие в торба.
|