makedonium.ch
  Македонски | Deutsch | Français |

Makedonija


Знаме на Р. Македонија

 


Грб на Р. Македонија

 

Химна на Р. Македонија

(MP3 - 520 kB)

 


Македонски народни мудрости
собрани и запишани од Марко Цепенков

 

Мудростите кои се подолу напишани, се собирани и запишувани од
Марко Цепенков во XIX век. Затоа не презимаме никаква одговорност за
точноста и значењето на мудростите...


Ако излезат по дрвјатамногу гасеници и опасат листото, тие покажуваат за војска голема да има во таа година. Така и за скакулци кога озлегуваат многу.


Ако сакаш чоека да го опиеш со една чаша ракија, одкоа ќе му туриш од шишето во чаша ракија, веднаш затни му на шишето устината со рака и стегај јако, да дури ја испиет чоекот чашата и веднаш ќе се опиел.


Ако ет поголемо сонцето на изгревање, откако што си ет ката утро, дож ќе врнело.


Ако му вариш кафе некому и му претече џежвето, преткажуело лошо нешто за тој жто ќе го пие.


Од Божиќ до Водици не чини навечер да плетат жените чорапи, чунки Богородица ет леунка.


Ако одит некој од град надвор и да го пресретит поп или зајак, и то за црна штета ќе му излези; а ако волк пресретит, многу арно ќе му бидело.


Ако се измиеш глаа ноќе али нозете, Водата не чинело да ја истураш надвор, за од туѓо нагазиште. Да не налепиш нешто алаас’ анд’к и после глаата да те боли.


Ако се мочат дете во сонот, лекот му било да ја запалиш метлата и да го жижниш кај курето.


Ако сакаш да не се урочи дете, да го истркалаш на местото кај што седеше тој чоек или таа жена што го гледаше, и после нема да се урочи.


Да опиеш чоека со вино или со ракија, клај му троа кал од ушите и од весот, и ќе се опиет со многу малце вино и ракија.


Ако те јади носо многу и набргу, ќе си се срдел многу на некој луѓе.


Ако ти се навјаваат чевлите еден на други, покажувале за да одиш на пат или на туѓина.


Ако ти се смачил некој чоек кога да ти дојд дома, за да си станит побргу, клај му троа сол во чевлите и веднаш ќе си станел.


Ако било ви понеделник уште од рано рано да земиш пари, оти са недела ќе земаш. Ако даиш, са недела ќе дааш.


Да прерипаш преку ѕид на сон, ќе ојш во друг град да живеиш.


Нозите кого го скокоткаат или по мичките, жената го милувала. Така и мажот ја милувал жената.


Глувци коа ќе излезат по куќите мошне многу, а најпоеќе во полето, чекај скапија.


В есен ако заколиш свиња, види му ја сплинката. Ако му е наспред потесна и назад поширока, Зимата ќе била напред лесна а назад тешка (лоша), и наопаку.


На сон дете да ти се посерит в раце (со опроштение), ќе си се разболел.


Во есено време ако играат комарци приквечер и да се пикаат во лицето, али во челото, чекај утре голема магла и лошо време.


Која жена се предава на Турчин, да ја вати со рака нејзината снага, за лоша работа, тоа место не ќе го јадела земјата.


Која жена си бели и црви лицето, на тој век ќе му го јадат змии, смокои, гуштери и гуштерици. (Леле, жени, за триста страмои!)


Куќа да праиш на сон, некоја нова работа ќе ватиш, што не си ја ватил до тогај.


Некое момче или мома ако одит со еден чорап, на едната нога обуена, а другата собуена, не ќе можи да се ожени или омажит.


Во зимно време, ако ти пиштат ушите, ќе врнело, ако пак лете - времето ќе било и арно и лошо.


На некоја чупа ако и се растрбуши вретеното со жицата волненашто ја предит, коа ќе се мажела, ќе земела момче пијаниче.


Чевли да обуеш на сон, ќе се жениш.


Вошка да му видиш на некој чоек да му лазит, требало да му ја ватиш, чунки ако не му ја ватиш, на тој век ќе му ја јадиш.


Тутун да пиеш на сон, али да го гледаш, многу ќе си се нажалел.


Едни луѓе ноктите кога и сечат, ќе си и клаат во појасот исечените крајои за да му се најдат на тој век, за да се бранат од пците како со камења.


На ден Водици да се измиет чоек со студена вода, многу за арно било, са година здрав ќе бил.


Дете мало кога седит на земи, ако си го клаит палецот од ногата в уста, бабите велат оти девет кобили исцицало млеко.


Жена леунка не чинело навечер да се пулит од куќа на некоја планина, оти ќе е побегнело млекото.


Кого го било сттрав од грмеж, да јадел изгорен леб и ич после не ќе се страшел од грмежо.


Кога да заколиш кокошка и за да умри побрго, за да не ритат многу, закачи нош в земи.


Поп да видиш на сон, ѓаолот бил.


Ракоја да пиеш на сон, гајле ќе збираш.


Навечер не чинело да бакнуваш дете, чунки си му земал сонот.


Да не се урочуат дете, да носит на чело три мали алт’нчиња.


Јајца да гледаш на сон, голема сиромаштија.



 

MK biseri
pogovorki

Kavadarci

Arhiv na Makedonija

Turisticki iformacii za Makedonija

Makedonska istorija

Krale Marko