makedonium.ch
  Македонски | Deutsch | Français |

Makedonija


Знаме на Р. Македонија

 


Грб на Р. Македонија

 

Химна на Р. Македонија

(MP3 - 520 kB)

 


 

Т'га за југ

Орелски крилја как да си метнех
и в наши ст'рни да си прелетнех!
На наши места ја да си идам,
да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали с'нце и тамо
мрачно угревјат, како и вамо.

Ако как овде с'нцето ме стретит,
ако пак мрачно с'нцето светит,
На п'т далечни ја ќе се стегнам,
и в други ст'рни ќе си побегнам,
каде с'нцето светло угревјат,
каде небото ѕвезди посевјат.

Овде је мрачно и мрак м'обвива
и темна м'гла земја покрива
мразој и снегој и пепелници,
силни ветришча и вијулици,
Околу м'гли и мразој земни,
а в’гради студој, и мисли темни.

Не, неможам овде да седам!
Не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам
и в наши ст'рни да си прелетнам,
на наши места ја да си идам,
да видам Охрид, Струга да видам.

Тамо зората греит душата
и с'нце светло зајдвит в гората.
Тамо дарбите природна сила
со с'та раскош ги растурила,
Бистро езеро, гледаш, белеит
или од ветар синотемнеит,
поле погледниш, или планина
сегде Божева је хубавина.

Тамо по с'рце в кавал да свирам,
с'нце да зајдвит, ја да умирам!

 

На ова место ќе се потрудиме да постојано со нови содржини доловиме еден мал, но интересен дел од Македонската литература.
Почнуваме со овие две дела на наши поети не заради важноста на овие две дела, туку заради “важење“ и после 150 т.е. 50 год.

Ќе нé радува ако со ваши сугестии и идеи ни помогнете да оваа страна што побрзо ја збогатиме.

 

Константин Миладинов, во Москва
Аудио »  audio



   

 

Денови

Како на вратот ѓердани
ниски камења студени
така на плешки денови
легнале та натежале.

Денови ли се - денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна
наутро радост понеси
навечер тага донеси

Ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек - роб биди
роди се човек - скот умри
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

За себе само 'ргај си
за себе маки тргај си
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен!

 
Кочо Рацин
Аудио » audio



   
   
   

 

mudrostiMK pogovorki

Kavadarci

Arhiv na Makedonija

Turisticki iformacii za Makedonija

Makedonska istorija

Krale Marko