Големиот Хрстијански празник, Рождение Христово, се прослави и се одбележа во Македонската Православна црковна општина «Св. Наум Охридски» во Триенген. Со Божиќна литургиоја одржана во храмот Св. Наум Охридски во Триенген, на која присуствуваа неколку стотици Православни верници, се одбележа овој пресветол празник.
На крајот од Божиќната литургија беше прочитано и Божиќно послание од г.г. Стефан и светиот Синод до сите Православни верници.
После Божиќната литургија се одржа музичка забава на која Марјан Коцев придружуван од музичката група «Дрим Тим» ги развеселија присутните со Македонски песни и ора...